Шкендија стигна
до втората победа во новата сезона од најсилниот македонски фудбалски
шампионат, откако со 1-2 славеше на гостувањето кај секогаш незгодниот Шкупи.
Бесарт Ибраими
беше творец на победата за актуелниот бранител на титулата во нашиот шампионат,
а напаѓачот на Шкендија по ова истакна дека чувството да се запише јубилејниот
стоти гол во дресот на тој клуб е незаменливо.
„Нормално дека
чувството да се постигне 100 гола во овој дрес е незаменливо. Би сакал да им се
заблагодарам на сите соиграчи и тренери со кои соработував, овој учинок го
постигнав благодарение на сите нив, исто така би им се заблагодарил и на
фановите, сите ми помогнаа да стигнам до оваа бројка“ рече напаѓачот на тетовските црвено-црни.