132
Македонските репрезентативци, Стефан Спировски и Бобан Николов имаа меѓусебна пресметка во унгарското првенство која заврши нерешно.
Нашите фудбалери беа едни од главните актери на теренот откако и двајцата успеаа да се запишат во листата на стрелците.
Спировски погоди прв кога во 14. минута се најде на вистинското место и му донесе водство на Ференцварош од 1-0, а Бобан Николов реализираше надвор шеснаесетникот во 44. минута за намалување на 2-1. До крајот на мечот МОЛ Види даде уште еден гол за конечни 2-2.
Двајцата наши фудбалери ги одиграа сите 90 минути.