Бомба од Турција: Елмас добива сонародник во тимот на Фенербахче?

by
1 минути читање

Неколку медиуми
во Турција објавија дека гигантот од Истанбул, екипата на Фенербахче пријавил
сериозен интерес за нашиот репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш
Леванте, Енис Барди.

Се шпекулира дека
само двајца кандидати се во нотесот на Фенербахче за бројот „10“ во екипата,
меѓу кои 19 годишниот фудбалер на Легија Варшава, Себастиан Шумански кој лани
постигна 34 погодоци, и токму нашиот 23 годишен фудбалер. Постоела и трета
опција за тимот од Фенербахче, но истата пропаднала откако Флуминенсе имал
високи барања за Жуниор Сорноза.

 

Подолг период
локалните медиуми во Валенсија најавуваа дека Леванте подготвува нов договор за
Барди, а челниците на тој клуб тврдеа дека се
е договорено, останува само потписот пред јавноста.

Што се однесува за дел од деталите во тој договор, се шпекулираше дека ќе биде со двојно
повисока клаузула од сегашната која изнесува 25 милиони евра, истиот договор би бил со
важност до 2023. година, сегашниот истекува во 2020. година со можност за
дополнителни две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×