Француски прволигаш нуди 6,5 милиони евра за Адеми

by
1 минути читање

Денес се затвора
завесата и во останатите фудбалски лиги во Европа во летниот преоден рок за
трансфери, меѓу кои и француската Лига 1, од таму пристигнаа информации дека
нашиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми би можел да се
пресели во Лил.

Иако лани потпиша
нов договор со Динамо Загреб со важност до 2023. година, сепак, 267 годишниот
Македонец по осум минати години во дресот на хрватскиот тим, токму денес би
можел да го напушти Максимир.

Во Хрватска
известуваат дека Лил најнапред испратил понуда во висина од 4-5 милиони евра,
но, сега испратил и нова во висина од 6,5 милиони евра, дел од хрватските
медиуми тврдат дека Динамо Загреб бара повеќе за својот фудбалер, односно не би
го пуштиле да си замине за понуда пониска од 8 милиони евра.

Адеми се повреди
во реванш пресметката против швајцарски Јанг Бојс во последната пречка за
хрватскиот тим на патот од групите од Лигата на шампионите, кој иако имаше
активен резултат по првиот меч на гостински терен (1-1), пред своја публика иако
поведе, на крајот загуби со 1-2 и ќе се задоволи со пласман во групите од Лига
Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×