396
Игор Ангеловски
ги отрки адутите за стартот на новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации
преку кое имаме полесен пат до историски настап на Европското првенство. За воведните дуели со Гибралтар на 6. септември и со Ерменија на 9. септември,
селекторот на Македонија со проверени сили ќе атакува на победи.
На списокот има
само две нови имиња, Мите Цикарски и Егзон Бејтулаи, додека пак „костурот“ на
„црвнео-жолтите“ останува оној од квалификациите.
Хендикеп за
Македонија е тоа што Аријан Адеми се повреди синоќа и мораше да биде заменет
уште во првото полувреме на мечот помеѓу Динамо Загреб и Јанг бојс.
