Ванче Шиков потпиша за Академија Пандев

by
0 минути читање

Шиков кој веќе неколку дена работи заедно со останатите играчи на Академија Пандев, ставил потпис на договор со струмичкиот клуб.

Академија Пандев која во моментов е лидер во првенството по три одиграни кола, оваа сезона се засили со неколку искусни играчи, покрај Шиков тука се и Зоран Балдовалиев и Ацо Стојков.

Ванче Шиков има 52 натпревари за македонската репрезентација, а во својата богата интернационална кариера играше за Ксанти, Олимпијакос, Керкира, Аполон, Етникос, Волин, Лутск, Австрија Виена, Нефчи и Тобол. Во македонското првенство играше за Тиквеш, Победа и Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×