157
Шкендија со пораз од два гола разлика но со постигнат гол се враќа од гостувањето кај Норвешка.
Натпреварот почна лошо за македонскиот тим, по асистенција на Бендтнер, Џебали уште во 11. минута со фантастичен лоб удар го совлада Захов.
Само четири минути подоцна самиот Бендтнер се запиша во листата на стрелците, со глава ја смести топката во мрежата на Шкендија за водство од 2-0.
Пред крајот на првиот дел Леви погоди за убедливо водство на Розенборг од 3-0.
Шкендија во второто полувреме беше подобра, пофокусирана и таквата игра и овозможи да ја намали предноста на домаќинот, Жуниор даде гол на 15 минути пред крајот за конечни 3-1.
Во реваншот кој се игра за седум дена Шкендија ќе има тешка, но не и невозможна мисија да ја анулира негативата од Норвешка, сепак Розенборг останува фаворит.
×