Розенборг со убедливо водство на полувремето, Шкендија ќе мора да се консолидира во вториот дел (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Розенборг има предност од 3-0 по првите 45 минути игра
против Шкендија која не успеа да парира во првиот дел од пресметката во
Норвешка.

Мошне рано домаќините стигнаа до капиталната предност,
најпрво Џебали искористи една ситуација уште во 11. минута откако увиде дека
Захов е излезен нешто повеќе од предвиденото, па го лобуваше вон казнениот
простор постигнувајќи убав гол.

Само четири минути подоцна Бендтнер при една нафрлена топка
доби воздушен дуел и биеше со глава во мрежата од голот на нашиот претставник
за водство од 2-0.

На една минута
пред истекот на регуларните 45 минути игра Леви зголеми на 3-0 и најави
убедлива победа на домаќините, со тоа на нашиот претставник му преостанува да
постигне гол во второто полувреме за да го ублажи негативниот резултат од
првиот дел.

Ќатип Османи се реши за мечот во Норвешка да направи промени
во формациската поставеност на Шкендија, па така, од онаа стандардната 4-2-3-1
се реши за 3-4-1-2 со тоа што Ибраими доби во Емини доби партнер во нападот,
но, тоа барем засега, во првите 45 минути игра во Трондхајм не вроди со плод.

Шкендија: Захов, Алими, Муслиу, Тотре, Мурати, Жуниор,
Емини, Мици, Адили и Нафиу.

Мечот кој се игра на Леркендал арената го суди израелскиот
арбитар Орел Гринфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×