Во Палермо деновиве ќе падне конечна одлука за иднината на Несторовски

by
1 минути читање

Палермо не успеа
да избори место во елитното фудбалско друштво на Италија и да се врати во
Серија А, па со тоа се погласни станаа шпекулациите поврзани со нашиот
репрезентативец и капитен на таа екипа, напаѓачот Илија Несторовски.

За Несторовски од
неодамна се појавија информации дека Бордо од Франција и Анталија од Турција се
двете последни екипи кои пријавиле интерес за него, турскиот Суперлигаш дури и
бил конкретен и испратил понуда во висина од 5 милиони евра.

Македонецот се
надеваше на трансфер во Серија А, но, до тоа не дојде, а за Палермо е веќе
проблем од финансиска гледна точка неговата годишна плата од 750.000 евра,
плата која за второлигаш извесно е дека е проблем, па „Џорнале ди Сицилија“
пишува дека претстојниов период Сицилијанците ќе донесат конечна одлука околу
иднината на Македонецот.

Одлучувачка ќе
биде средбата помеѓу газдата на клубот Зампарини и спортскиот директор Фоски,
кој веќе имаше разговор со тренерот за тоа кој ќе продолжи во Палермо, а кој ќе
си замине. Несторовски е фудбалерот кој може да донесе најмногу пари во клубот,
а другите имаат договори кои им истекуваат за само една година. На конечната
одлука на Палермо по ова прашање веројатно е дека ќе се чека најдоцна до
понеделник
пишува медиумот.

Преодниот рок во
Франција на пример истекува на 31 август, а за нов шеф на стручниот штаб на
Бордо се споменува Тијери Анри, извесно е дека Турција не е интересна за нашиот
напаѓач, но, за тоа ќе мора да сочекаме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×