Барсегјан одлично влезе во новото првенство, даде гол против Шкендија, а против Ренова ја донесе победата. Но тој вели дека за успехот се заслужни сите.
„Нормално, среќен сум за голот како и за секој друг кога ќе биде победнички. Меѓутоа сакам да истакнам дека оваа победа е на тимот. Целата екипа многу се трудеше за оваа победа, и на крајот дојде и тој погодок. Сите сме заслужни за овој триумф. Мислам дека бевме подобри од противникот, иако во одредени делови имавме мали проблеми со играта. Но, верувавме до крај дека можеме да стигнеме до трите бода, и среќен сум што на крајот успеавме“, рече Барсегјан за официјалниот сајт на Вардар.
Вардар сега игра куп меч со Вардар Форино, а потоа дуел со Македонија Ѓорче Петров во третото коло од ПМФЛ.
„Немаме многу време за славење. Од денеска па натаму се вртиме веќе кон следните предизвици. Најпрво натпревар од Купот а потоа нов првенствен тежок натпревар. Сите мечеви се тешки, и ако не дадеме се од себе, ќе имаме проблеми. За да не се случи тоа, очекувам уште еднаш на сите натпревари да пружиме максимум без разлика на противникот, и да победуваме“.
Фото: ФК Вардар