Вардар ги освои првите три бода оваа сезона откако со 1-0 ја совлада Ренова на истиот стадион во Тетово на кој во претходното коло одигра 2-2 против Шкендија.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 75. минута кога Манев одлично се проби по левата страна, додаде до Барсегјан кој лесно постигна гол за водство на Вардар од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Актуелниот шампион Шкендија по две кола се уште не знае за победа. Тетовскиот тим денеска одигра само 0-0 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.
Денеска се играше и струмичкото дерби во кое Беласица како домаќин загуби со 0-2 од Академија Пандев. Двата гола ги даде Крстовски, првиот во 75. минута, вториот десет минути подоцна.
Немаше голови ниту на мечот меѓу Шкупи и Победа.
Вчера Работнички со 2-1 ја совлада екипата на Силекс.
По две одиграни кола само Академија Пандев има максимални шест бода.
Фото: ФК Вардар