На почетокот од
оваа недела се појавија гласини за преселба на Илија Несторовски во Серија А.
Удинезе пројави интерес за Македонецот, се говореше дека се водат преговори и
двата клуба се блиску до договор за позајмица на напаѓачот со опција тој во
целост да биде купен за 4,5 или 5 милиони евра следното лето.
Трансфер пазарот
во Серија А заврши вчера без да се реализира овој трансфер, а спортскиот
директор на Палермо, Рино Фоски сега открива зошто „Нестогол“ не завршил на
Фриули.
„Несторовски
никогаш не беше блиску до Удинезе. Јас секогаш сум искрен, со „бело-црните“
никогаш немаше вистински преговори. Жал ми е за момчето, но понудата беше
смешна. Не можете да понудите смешна сума за да земете напаѓач од негов статус
на позајмица. Мора да се покаже почит кон нашата работа и кон самите играчи,
без разлика дали тие се викаат Несторовски или Рипсоли. Не разговараме за
фудбалери од ниска класа, зборуваме за фудбалери од одредено ниво, Илија е
репрезентативец“ – вели Рино Фоски.
„Но ништо не се
знае, трансфер пазарот се уште е отворен во странство и ќе видиме што ќе се
случи“.