Два гола на Трајковски и еден на Несторовски во победата од 6-1 над Сaндона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сицилијанците“
го имаа вториот тест на подготовките за новата сезона, противник беше
нисколигашот Сандонa, a избраниците на Тедино стигнаа до уште една убедлива
победа и славеа со 6-1.

Резултатот беше
отворен веќе во 4. минута, Фјордилино ја започна гол серијата, а потоа во
листата на стрелците се запишаа и Трајковски и Несторовски, за по половина час игра Алекс да му асистира на Фјордилино за втор гол и убедливи 4-0. Пред паузата
следеше нов погодок на Трајковски, кој биеше неодбранливо во аголот, а на
спротивнста страна по една грешка на одбраната на Палермо, Ферарезе погоди за
5-1.

Во второто
полувреме имаше голем број на замени, па падна темпото на игра и беше постигнат само еден гол, Санторо во 62.
минута ги постави конечните 6-1.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×