150
Главниот конкурент на Ристовски во минатата сезона, Кристиано Пичини замина за Валенсија, па нашиот фудбалер ќе биде првиот десен бек во тимот.
Има информација дека Ред Бул Салцбург испратил понуда до Спортинг Лисабон за Ристовски, но португалскиот клуб експресно ја одбил.
Тоа покажува какви се плановите на Спортинг за македонскиот фудбалер.
Во минатата сезона Ристовски кога и да добиеше шанси изгледаше импресивно на теренот, со своите игри ги освои фановите и остави силен впечаток кој сега ќе му донесе загарантирано стартно место.