Тренинг центарот
на Сатурн сместен на 50-тина километри од Москва ќе биде домот на актуелниот
европски шампион на СП 2018. Сместен во зеленило и тишна, коплексот е опремен е со три фудбалски игралишта (две со трева
и едно со вештачка трева), теретана и сите дополнителни акомодации, со што се избегнува патувања со автобус на тренинг.
Делегацијата на
Португалија во саботата пристигна во малото рурално гратче по име Кратово, кое брои
околу 8.000 жители. Популарните „Селесао“ беа пречекани од девојчиња во народна
носија кои ги послужуија Кристијано Роналдо и фудбалерите со погача и сол.
Португалците
потоа ги чекаше и пријатно изненадување во хотелот каде се сместени. Во собите се
поставени персонализирани слики од играчите, на кои од едната страна стои
фотографија од детството а на другата од сегашноста во дресот на националниот
тим.
Домаќинот исто
така особено внимание има посветено на безбедноста, па пиле не може да прелета
во комплексот кој е ограден со ѕид, не може да се види ништо што се случува
внатре и делува како тврдина. Поставени се две контролни точки, првата ја
поминуваа само автомобили на локалните жители и оние кои имаат налепници на
стаклата. На втората се врши детална проверка, вклучувајќи и поминување низ детектори
за метал. За влез е потребна специјална дозвола од федерацијата. На луѓето кои се грижат
за безбедноста (полиција, војска и обезбедување) како и на волонтерите кои
работат, забрането им е да зборуваат за активностите на Португалците и не
смеаат да откриваат никакви детали.