496
Иако стануваше збор за пријателски натпревар на две репрезентации, на Енфилд денеска имаше и навивачи на Ливерпул кои го следеа натпреварот меѓу Бразил и Хрватска.
Ова беше и прв настап на Кутињо на Енфилд откако си замина од Ливерпул и се пресели во Барселона.
Кога спикерот го читаше неговото име се слушнаа свирежи од некои сектори на Енфилд, таков беше случајот и кога фудбалерот ќе ја допреше топката.
Некои навивачи на Ливерпул не можат да му простат на Бразилецот што си замина од клубот за да направи трансфер во Барселона.