Реал се откажа од Покетино, Перез ќе се насочи кон нови две имиња

by
1 минути читање

Аргентинецот беше идентификуван како прва желба на „Кралевите“ за испразнетото тренерско столче, но последните информации велат дека шампионот на Европа ќе се насочи кон други цели.

Новинарот Пако Гонзалес во емисијата „Тиемпо де Хуего“ на КОПЕ, пренесе дека Реал Мадрид се откажаува од намерата да го ангажира Маурисио Покетино поради тешките преговори со Даниел Леви, извршниот директор на Тотенхем. 

Во четвртокот, генералниот директор на Реал, Хосе Анхел Санчез стапил во контакт со агентот на Покетино, кој му потврдил дека нема откупна клаузула во новиот договор на стратегот, ниту пак вербален договор за ослободување од обврските во случај на понуда од главниот град на Шпанија.

Извештајот вели дека Флорентино Перез сега ќе се насочи кон Јирген Клоп од Ливерпул и Масимо Алегри од Јувентус.

На оваа тема информации има и новинарот на Скај Спортс, Гиљем Балаге, кој е експерт за шпанскиот фудбал. И тој вели дека лидерите на Реал се откажуваат од Маурисио Покетино поради Даниел Леви.

„Реал виде дека има многу позитивни работи за ангажман на Покетино, не само што тој знае да се справи со ѕвездите во тимот, туки и тоа како ги подобрува играчите и како работи со младите фудбалери“ – вели Балаге.

„Почнаа да опипуваат терен со тоа што ја пуштија идејата низ медиумите за да видат каква ќе биде реакцијата, но веднаш увидоа дека нема откупна клаузула во договорот на Покетино“.

„Па ризикуваа да се најдат во позиција да преговараат со Леви цел месец, ако не и подолго, без гаранции дека ќе го добијат Покетино. Знаат дека Леви е тежок за преговори, па решија да се откажат од намерата да го ангажираат Маурисио“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани