Англија стигна до
победа од 2-1 против Нигерија во контролниот меч помеѓу обете селекции кој се
одигра на Вембли во Лондон, а уште по првите 45 минути игра избраниците на
Герет Саутгејт имаа капитална предност од 2-0 со која ја најавија победата.
Кејхил уште во 7.
минута погоди за 1-0, а Кејн во 39. минута зголеми на 2-0. Се што стори
Нигерија на резултатски план беше голот на Ивоби со кој во 47. минута се
постави конечниот исход од средбата.
Гордиот Албион на
Светското првенство е во групата „Г“ во друштво на Белгија, Панама и Тунис,
Мундијалот го отвора со дуелот против Тунис на 18 јуни. Следна контролка
за Англија е дуелот со Костарика идниот
четврток.
Што се однесува пак до Нигерија, оваа селекција е во групата „Д“
заедно со Аргентина, Хрватска и Исланд, а првиот дуел го игра против Хрватска
на 16. јуни, следна контролка за Африканците е дуелот со Чешка идната среда.