Сите фудбалери на Реал Мадрид се опростија од Зидан… освен еден

by
1 минути читање

Зинедин Зидан ја
заврши својата авантура на клупата на Реал Мадрид,
45 годишниот фудбалски стратег од пред две сезони го
презеде кормилото на шпанскиот гигант, а го предводеше тимот до 104 победи, 29 ремија
и 16 порази.

Веста дека се
повлекува од клупата на Реал Мадрид беше доста изненадувачка со оглед на тоа
што го предводеше тимот доминантно низ Европа, сите фудбалери на тимот од
Сантијаго Бернабеу се опростија од него испраќајќи пораки на социјалните мрежи,
освен еден фудбалер.

Герет Бејл е
единствениот фудбалер, барем засега кој не се огласи по одлуката на Зидан да си
замине од клубот, инаку, тој беше херој во финалниот меч од овосезонската Лига на
шампиони.

Велшанецот во
изминатиот период отворено покажуваше незадоволство од статусот во екипата, а
не беше во прв план кај Зидан, најдобриот одговор за тоа дали го заслужил тој
статус го даде во финалето против Ливерпул каде постигна два гола во победата
на Кралевите од 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани