Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело во интервју за „Скај Спортс“ тврди дека Кристијано Роналдо сака да се врати во Манчестер јунајтед и повторно да работи со Мурињо.
„Тренерот кој ќе дојде треба да состави сложувалка која се чини дека ќе изгуби неколку парчиња, вклучувајќи го и најважното, Кристијано Роналдо. Португалецот сака да се врати во Манчестер јунајтед и повторно да работи со Мурињо“, вели Фабио Капело.
Интересно ќе биде ако Манчестер јунајтед успее да ги донесе Кристијано Роналдо и Герет Бејл во тимот.
Кристијано Роналдо се поврзува и со трансфер во ПСЖ, но не се исклучува и негово останување во Реал Мадрид, тоа ќе зависи и способноста на новиот тренер да го убеди Португалецот во идниот проект.