68
Новиот шеф на
стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери е голем фан на францускиот играч од
средниот ред на Баерн Минхен, Корентин Толисо, а воедно сака поранешната ѕвезда
на Лион да ги засили редовите на неговиот тим.
Според
информациите, Арсенал е подготвен да издвои 60 милиони евра за да дојде до
потписот на 23 годишниот фудбалер, но, очигледно е дека Баерн Минхен нема
намера да го продаде Французинот по секоја цена.
Во својата
дебитантска сезона во дресот на Баварците, Толисо постигна 10 гола а воедно
реализираше и 17 асистенции во сите натпреварувања.