Мурињо: Јас сум виновен за поразот од Алавес!

by riste
1 минути читање

Алавес синоќа ја прекина победничката серија на Реал Мадрид која траеше десет натпревари, кралскиот клуб загуби пред своите навивачи со 1-2.

По вчерашниот меч Жозе Мурињо ја презема вината за поразот и застана во одбрана на своите фудбалери.

„Вечерашниот пораз беше моја вина“, рече Мурињо по натпреварот.

„Се обидов да ги одморам Диоманде и Бернардо вечерва, но понекогаш кога сакате да ги одморите фудбалерите, работите не излегуваат на добро“.

„Вечерва загубивме бодови кои не требаше да ги загубиме, но животот оди понатаму“.

„Јас сум тука да им помагам на фудбалерите. Понекогаш успевам во тоа, понекогаш потфрлам“.

„Треба да го гледам овој меч повеќе пати за да видам што беше лошо. Единствено сега можам да кажам дека вечерва не бевме на добро физичко ниво. Но, потребно ми е време за да направам анализа и да видам што беше лошо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×