Шкендија го победи Тиквеш на тежок терен во Кавадарци

by riste
1 минути читање

Тиквеш не успеа да ја продолжи добрата форма, денеска на свој терен загуби со 2-0 од Шкендија која го искористи поразот на Струга и се доближи само на бод до врвот.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Шкендија се играше по многу тешки услови, имаше повеќе кал отколку трева на теренот во Кавадарци, топката тешко се контролираше.

Тетовскиот тим подобро се снајде во едни такви услови и дојде до победата.

Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Брзо по паузата беше покажан пенал за Шкендија кој го реализираше Красничи за водство од 1-0.

На 15 минути пред крајот Меличи ги постави конечните 2-0 за Шкендија Тетово.

По 15 одиграни кола прва е Струга со 32 бода, Шкендија има 31, Тиквеш и Вардар по 27.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×