Силекс ја победи Струга, Вардар подобар од Арсими во Гостивар

by riste
1 минути читање

Силекс со 1-0 го доби дербито против лидерот Струга Трим Лум, со истиот резултат Вардар дојде до три бода од гостувањето кај Арсими.

Мечот во Кратово се играше по тешки услови, теренот беше во ужасна состојба, а тоа донесе конфузна игра во која подобро се снајдоа домаќините.

Клучниот момент се случи по десет минути игра во второто полувреме кога Донов ја затресе мрежата на Василев за водство на Силекс од 1-0, што беше и конечен резултат.

Овој резултат му одговараше на Вардар кој со 1-0 го совлада Арсими. Стрелец на единствениот гол беше Бобан Николов со глава во првото полувреме.

Арсими последните 15 минути од мечот ги играше со фудбалер помалку поради црвен картон на Гафури.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×