Скопје со 2-1 славеше на гостувањето кај Башкими, немаше погодоци на мечот меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница во првите два меча од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
По триумфот над Арсими, Скопје забележа втора победа по ред и се враќа надежта дека можат да изборат опстанок оваа сезона. Денеска триумфираа над Башкими кој играше во солидна форма во изминатите кола.
Херој на Скопје беше Ангелов кој ги постигна двата гола. Тој го отвори резултатот во 57. минута, а три минути подоцна погоди уште еднаш за 2-0.
Башкими намали во 84. минута кога Теодор Мирчевски со глава го матираше Кристијан Наумовски.
Брзо потоа Башкими даде уште еден гол, но погодокот на Фати Исмаили беше поништен поради офсајд.