Тиквеш го понижи Вардар на Градски

by riste
1 минути читање

Тиквеш со 3-0 победи на гостувањето кај Вардар, актуелниот македонски шампион доживеа непријатен пораз.

Како и во Купот на Македонија, така и денеска во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Тиквеш со победа си заминува од Скопје, овојпат би требало триумфот да да нема административни пречеки.

Тиквеш подобро го почна натпреварот, а таквата игра им донесе рано водство. Во 16. минута Ренатињо постигна гол со прекрасен лоб удар од околу 35 метри. Кавадарчани поведоа со 1-0.

Кавадарчани пред паузата зададоа уште еден удар. Во 42. минута, по брз противнапад, Луисанињо излезе сам пред Талески и со удар од десната страна ја затресе мрежата за 0-2.

Вардар наместо да се врати во второто полувреме, прими уште еден гол. Во 62. минута Николовски постигна гол за конечна победа на Тиквеш од 3-0.

Со оваа победа Тиквеш има три бода повеќе од Вардар, во моментов е на втората позиција, но Струга и Шкендија допрва ќе ги играат своите натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×