Арсими падна во Автокоманда, прва победа за Скопје

by riste
1 минути читање

Скопје освои три многу значајни бодови во борбата за опстанок откако на свој терен го совлада тимот на Арсими со 2-1, ова беше прв триумф за тимот од Автокоманда.

Арсими имаше повеќе шанси во првиот дел од натпреварот, но поведе Скопје. Тоа се случи во 41. минута кога Брдаровски центрираше, а Гордиќ со одличен удар со глава донесе водство за Скопје д 1-0.

По седум минути игра во второто полувреме Гордиќ продре по левата страна и го пронајде Гроздановски, чиј удар по патот кон голот го закачи Зука, ја промени насоката и заврши зад грбот на голманот за 2-0.

Скопје имаше можност да ја реши дилемата околу победникот во 68. минута, кога Гордиќ не успеа да реализира добра шанса. Казната пристигна многу брзо – Мустафа, кој непосредно пред тоа влезе во игра, му избега на Брдаровски и по нафрлувањето на Рамадани со глава ја намали негативата на 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×