Трагедија: Почина поранешниот репрезентативец Мемеди!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно по тажната вест за ненадејната смрт на поранешниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди, кој почина на 46-годишна возраст.

Мемеди и по завршувањето на фудбалската кариера остана во фудбалот, а во последниот период беше дел од стручниот штаб на Шкендија. Тетовскиот клуб ја потврди трагичната вест преку соопштение на своите профили на социјалните мрежи.

„Со длабока болка ја соопштуваме веста за смртта на Агрон Мемеди, член на стручниот штаб и поранешен фудбалер на нашиот клуб. Денес нашиот клуб загуби еден од своите луѓе, човек кој беше дел од црвено-црното семејство, најпрво како фудбалер, а потоа и како член на стручниот штаб. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејството Мемеди, неговите блиски и сите оние кои го познаваа и го сакаа Агрон. Тој засекогаш ќе остане дел од нашето семејство“, објави Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×