Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски е задоволен од настапот во Глазгов и покрај новиот пораз во Лигата на нации.
Македонија ја забележа петтата победа од исто толку натпревари во Лигата на нации, овојпат барем постигнавме гол, нешто што не го направивме во претходните 844 минути игра.
„Честитки до Шкотска и до моите фудбалери кои работеа на теренот и даваа се од себе. Овој натпревар го реши ВАР, нема што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата“, вели Седлоски.
„Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се споменуваше, знам дека тие можат повеќе. Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“.
„На секого му се случува лош ден, така и на Елмас, сакав да го заменам уште кога примивме гол, но веднаш дадовме гол. Знаеме како игра, се врати и во Аталанта во ритам. Сите знаеме колку значи за оваа репрезентација. Повеќе не би можел да кажам“.