„Најтешката одлука во мојата кариера“ – Покетино плачеше на збогувањето со САД (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Маурисио Покетино емотивно се збогуваше со репрезентацијата на САД, откако стигна потврда дека ја напушта селекторската функција и се подготвува за нов предизвик во клупскиот фудбал, на кормилото на Манчестер јунајтед.

Аргентинскиот стратег не успеа да ги сокрие емоциите на последната прес-конференција, на која со солзи во очите зборуваше за заминувањето од американската селекција.

„Тешко ми е да зборувам бидејќи сум емотивен човек. Мислам дека ова е најтешката одлука што сум ја донел во мојата кариера“, изјави Покетино.

Неговиот нов ангажман во Премиер-лигата треба да започне на 18 ноември, а само неколку дена подоцна го очекува сериозен предизвик, дуел против Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×