Вардар откако во второто денешно дерби во ПМФЛ славеше на гостувањето кај Силекс во Кратово со минимални 1-0.
По триумфот на Струга против Шкендија, и второто дерби од 13. коло заврши со еден погодок, а актуелниот шампион успеа да ги освои трите бода на незгодното гостување.
Првото полувреме не донесе многу возбудувања и вистински шанси пред двата гола, па екипите на пауза заминаа со почетниот резултат.
Одлуката за победникот падна веднаш на почетокот на вториот дел. Искусниот Горан Закариќ ја искористи одличната асистенција од капитенот Азер Омерагиќ и ја затресе мрежата на домаќините за водство на Вардар.
Силекс не се предаде и во продолжението се обиде да стигне до израмнување, но не успеа да ја искористи најголемата можност. По добриот продор на Манојлов, Богданоски доби топка во шеснаесетникот и упати силен удар, но голманот Талески одлично интервенираше.
Вардар во текот на натпреварот двапати ја вадеше топката од сопствената мрежа, по еднаш во двете полувремиња, но погодоците на домашниот тим не беа признати поради офсајд.
Со новите три бода, Вардар стигна до 24 бода и се наоѓа на четвртата позиција, со ист број бодови како Тиквеш, које е трет, Шкендија е втора со 27, зад лидерот Струга со 29 бодови.