Малески донесе победа за Струга против Шкендија и прво место на табелата!

by riste
0 минути читање

Со гол на македонскиот репрезентативец, Христијан Малески, Струга со 1-0 ја победи Шкендија и изби на првото место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

За Шкендија беа досудени два пенали, едниот во третата минута, вториот во 87. минута, но и двата беа поништени по предледувањето на ВАР снимката.

Клучниот момент се случи во 72. минута кога Христијан Малески постигна убав гол со глава за водство на Струга од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

По 13 одиграни кола, Струга е прва со 29 бодови, два повеќе од Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×