Вест хем го избрка Нуно Еспирито Санто!

by Стефан
1 минути читање

Вест Хем и Нуно Еспирито Санто ја прекинаа соработката. Англискиот клуб преку официјално соопштение потврди дека португалскиот стратег повеќе нема да ја извршува функцијата тренер на првиот тим, а одлуката стапува на сила веднаш.

Разделбата доаѓа по анализата на досегашните резултати и настапи на тимот во Чемпионшип. Раководството на „чеканите“ проценило дека е потребна промена на тренерската позиција со цел клубот да ги оствари зацртаните амбиции и очекувања.

Заедно со Еспирито Санто, од клубот си заминуваат и неговите соработници Руи Педро Силва, кој беше помошник-тренер, и Руи Барбоса, тренерот на голманите.

„Вест Хем им се заблагодарува на Нуну, Руи и Руи за посветеноста и напорната работа во периодот поминат во клубот и им посакува успех во продолжението на нивните кариери“, соопштија од англискиот тим.

Потрагата по нов предводник веќе е започната, а додека не биде именуван наследникот, тимот ќе го водат Марк Нобл, Стив Потс и Жерар Прендервил. Тие ќе ги преземат и подготовките за утрешниот дуел против Кардиф Сити во Чемпионшип.

Вест Хем во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата со 22 бода по 13 одиграни кола. Сепак, разликата во однос на лидерот Мидлсброу изнесува само шест бода, па клубот сè уште е во трка за остварување на своите цели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×