Челси ја продлабочи кризата на Јунајтед! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Челси со 2-0 славеше против Манчестер Јунајтед во големото дерби од Премиер лигата, гостите од Олд Трафорд мечот го завршија со фудбалер помалку.

Манчестер Јунајтед прв се израдува на гол, во 34. минута Куња погоди, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

По пет минути игра во вториот дел, Роџерс по еден одличен соло пробив постигна гол за водство на Челси од 1-0.

Работите за Манчестер Јунајтед станаа уште полоши откако Лисандро Мартинез за четири минути доби два жолти картони и го напушти теренот. Беше досуден пенал за Челси. Црвените ѓаволи од 63. минута играа со фудбалер помалку.

Кол Палмер беше прецизен од белата точка за зголемена предност од 2-0. Тоа беше конечниот резултат на натпреварот.

Во зависност од резултатите на другите мечеви, Манчестер Јунајтед по ова коло би можел да падне и во зоната на испаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×