Mилан ги израдува навивачите – потврди важен потпис!

by Стефан
1 минути читање

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ го продолжи договорот со Милан до 30 јуни 2031 година, официјално соопшти италијанскиот клуб. Според пишувањата на италијанските медиуми, неговата плата ќе биде зголемена од досегашните четири на околу шест милиони евра годишно.

Пулишиќ новиот договор го потпишал во четвртокот во клупското седиште, а Милан официјално го потврди продолжувањето денеска, ден пред големото градско дерби против Интер. Досегашниот договор на американскиот репрезентативец важеше до јуни 2027 година, со опција клубот да го продолжи за уште една сезона.

Италијанските медиуми наведуваат дека преговорите биле забрзани по иницијатива на сопственикот на Милан, Џери Кардинале, кој го гледа Пулишиќ како едно од главните лица на клубот.

Од Милан не ја открија висината на новата плата, но медиумските извештаи се разликуваат во деталите. „Радио Спортива“ и новинарот Николо Шира објавуваат дека Пулишиќ ќе заработува околу шест милиони евра годишно, додека дел од медиумите шпекулираат дека сумата може да достигне и 6,5 милиони евра.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FACMilan%2Fposts%2Fpfbid0atLLN6KSrkZ8812RjaALhbFYydwLWQhjqo91XtyoDWgv4NC8QTQqM264jybva2CVl&show_text=true&width=500

Можно е и ова да ти се допаѓа

×