Брера немоќна против Хофенхајм!

by riste
0 минути читање

Германскиот Хофенхајм се покажа како пресилен ривал за младинците на Брера, македонскиот тим во Струмица доживеа пораз од 0-3 во рамките од квалификациите во младинската Лига на шампиони.

Хофенхајм тргна фуриозно, по 18 минути игра веќе водеше со 3-0 со головите на Чиек, Крамер и Крета.

Откако дојдоа до убедливата предност, Германците како да застанаа, па до крајот на мечот немаше нов погодок.

Реваншот се игра во Германија на 31 октомври, но тој ќе биде чиста формалност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×