19
Тиквеш со 3-1 го победи Башкими во меч од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Н’Фанли Сила беше херојот на кавадаречкиот клуб.
Кавадарчани ја оправдаа фаворитската улога и релативно лесно дојдоа до трите бода против Башкими.
Во првото полувреме мрежите мируваа, а во второто во опсег од 12 минути, Тиквеш даде три гола.
Два од трите погодоци беа на Сила, а за третиот тој му асистираше на Ибрахима Фал кој погоди за 3-0.
Башкими во самиот финиш преку Лимани успеа да постигне почесен гол со кој беа поставени конечните 3-1 за Тиквеш.