Три поништени голови и реми во дербито на Шкендија и Вардар!

by Стефан
1 минути читање

Најголемото дерби во македонскиот фудбал попладнево во Гостивар помеѓу Шкендија и Вардар заврши без победник 0-0. Иако немаше голови, сепак дуелот донесе возбудувања и дури три поништени голови.

Прво се тресеше мрежата на Вардар по половина час игра кога погоди Нзенгуе, сепак по реакција од ВАР голот беше поништен.

Второто полувреме донесе по некоја прилика и на двете страни, а најголема драма гледавме во последните моменти од средбата. Вардар постигна два гола прво преку Димитар Данев, потоа и преку Спахиу, но и во двете ситуации по неколку минути проверка головите се поништуваа.

На табелата сега Шкендија е лидер со 24 бода, еден повеќе од Струга која денеска го победи Скопје со 4-0. Блиску до врвот е и Вардар со 21 бод на третата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×