Џексон со два гола го урна Сити, прв пораз за „граѓаните“ оваа сезона! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Астон вила го шокира Манчестер сити со 2-1 и ја прекина победничката серија на „граѓаните“ во Премиер лигата, во натпреварот од осмото коло.

Домаќините од Бирмингем поведоа уште во шестата минута, кога Николас Џексон ја затресе мрежата на Сити за 1-0. Вила успешно ја зачува предноста до паузата, оставајќи го тимот на Мареска да бара израмнување во вториот дел.

На почетокот од второто полувреме, Ерлинг Халанд израмни на 1-1, но радоста на гостите не траеше долго. Во 60. минута, Џексон повторно стапи на сцена и со својот втор гол на натпреварот ѝ донесе голема победа на Астон вила од 2-1. За Сити ова беше прв пораз сезонава во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×