Голманот Андре Онана во Турција доживеал сообраќајна несреќа по која бил пренесен во болница. Чуварот на мрежата на Трабзонспор, кој настапува како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед, наводно се враќал од натпревар заедно со своето семејство кога се случил инцидентот.
Според информациите што се појавија во медиумите, автомобилот во кој се наоѓале Онана и неговите блиски бил удрен со голема брзина од друго возило. Ударот предизвикал и верижен судир во кој, според објавените информации, учествувале уште три автомобили.
Иако несреќата предизвикала загриженост, првичните информации се добри. Според медиумските извештаи, Онана и членовите на неговото семејство се во добра состојба и поминале без посериозни повреди.
Onana kaza hiç iyi olmadı gözükende birşeyi yok iki tarafa geçmiş olsun https://t.co/KeXPZzwPLn
— Sefa ✯ (@sefabektaas) October 22, 2026