Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас вели дека жали само за една работа по убедливиот триумф над Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони, тоа што им рекол на играчите да се опуштат во завршницата.
Комо вчера му одржа лекција на Манчестер Јунајтед, целосно го надигра и го совлада со убедливи 4-1.
„Ѓаволите“ целосно се распаднаа во второто полувреме, а ниту голот на Џошуа Зиркзе во финишот не го ублажи впечатокот од катастрофалното издание на гостите.
Па откако го понижи Манчестер Јунајтед на теренот, Сеск Фабрегас истото го стори и на средбата со новинарите.
„Единствена за што жалам се последните десетина минути. Им кажав на играчите да го забават темпото бидејќи во сабота не очекува уште еден натпревар, а при водство од 4-0 можевме малку да ги контролираме работите. Им реков да престанат да трчаат и да останат на средината од теренот. Жал ми е за тоа, бидејќи јас сум првиот што секогаш бара од нив да се борат до последна секунда“ – изјави тренерот на Комо.
„Голот што го постигнаа ме налути бидејќи го намаливме интензитетот и не ја задржавме посветеноста во одбраната. Но, тоа беше моја грешка“.
Тој потоа додаде: „Се надевам дека утре сите деца ќе одат на училиште со дресот на Комо и ќе бидат горди на својот тим!“
„Презадоволен сум од тоа како играчите го направија сето она што го подготвувавме. Не станува збор само за квалитетот, кој беше на високо ниво, туку и за нашиот непрекинат пресинг, кој го одржувавме до 85. минута“.
„Се обидуваме да изградиме вистинска култура во клубот, препознатлив стил на игра и јасен идентитет. Овој натпревар е уште еден силен доказ дека сме на вистинскиот пат“.
ФОТО: X/Como1907