38
Фудбалскиот клуб Башкими доби забрана за трансфери во три преодни рока поради неплатени обврски во претходниот период.
ФИФА објави нова листа на клубови кои се санкционирани со забрана за трансфери, а меѓу нив е и македонскиот клуб Башкими.
Забраната за Башкими почнала да важи од 19 октомври оваа година, а се однесува за трите следни преодни рока.
Забраната може да биде крената ако во меѓувреме кумановскиот клуб си го подмири долгот.