Tренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, на прес-конференцијата пред натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против АЕК, откри каква е ситуацијата со повредите на Ерлинг Халанд и Антоан Семењо.
Победата над Ипсвич скапо беше платена. Сè уште не е познато каква е состојбата со најдобриот стрелец Ерлинг Халанд, но веќе е јасно дека Семењо ќе биде надвор од терените осум недели.
„Семењо би можел да отсуствува осум недели. Сепак, ситуацијата не е толку лоша како што очекувавме. Што се однесува до Халанд, ќе видиме. Можно е да заигра. Имавме одредени сомнежи по натпреварот, но вчера беше добро, се чувствуваше подобро“, изјави Мареска.
Мареска го одмори Рајан Шерки на натпреварот против Ипсвич, додека Семењо и Гвардиол влегоа во игра од клупата, а Халанд ги одигра сите 90 минути. Затоа, логично се поставува прашањето дали ќе има ротации во составот за дуелот против АЕК.
„Ова е голем натпревар за нас. Станува збор за Лигата на шампионите. Го загубивме последниот натпревар, мораме да победуваме и ќе се обидеме да го направиме тоа со најдобриот можен состав во тој момент“, истакна тренерот на Манчестер Сити.
Натпреварот меѓу Манчестер Сити и АЕК, кој ќе се одигра на стадионот „Етихад“, е закажан за вторник со почеток во 21 часот.