Несторовски искрен: Не сум се откажал од Македонија, само не сум добил повик

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот напаѓач, Илија Несторовски кој сезонава игра во одлична форма и е помеѓу најдобрите стрелци во Хрватска не ја крие желбата дека би прифатил повторно да игра за Македонија.

Несторовски во интервју за „Спорт Клуб“ во Хрватска порача дека не се откажал од репрезентацијата и дека го нема едноставно затоа што не добил повил.

„Најголема фудбалска цел која не ја остварив е единствено што со Македонија не играв на тоа Европско првенство. Но, тоа е што е. Беше таа лоша повреда. Од другото играв во најсилните топ-5 лиги. Можеби ете некое Светско првенство, ако пак ме викнат во репрезентацијата, затоа што се вратив во добра форма. Никогаш не знаеш. Не се откажав од репрезентацијата, ако дојде повик секогаш сум достапен за Македонија. Да се игра за државата е гордост. Секогаш сум на располагање. Во последните години не ме викаат, но не ми е проблем, повеќе сум со семејството. Ама ако некој се сети на мене, тука сум“, истакна Несторовски.

Од почетокот на сезоната во Хрватска, Несторовски има седум гола со кои е втор стрелец заедно со Фредериксен од Истра, додека на врвот е Бељо од Динамо со 12.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×