Прв европски гол за Елмас во Аталанта, стрелаше по само 45 секунди! (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен старт на дуелот против Пафос во Конференциската лига, откако уште во првите 45 секунди ја затресе мрежата на кипарскиот тим за рано водство на Аталанта од 1-0.

Елмас одлично се уфрли во казнениот простор на гостите и ја искористи укажаната можност за да му донесе предност на италијанскиот состав уште на самиот почеток од натпреварот.

За македонскиот фудбалер ова е посебен момент, бидејќи со овој погодок го постигна својот прв европски гол во дресот на Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×