Дали Лисандро Мартинез си стави крај на кариерата во Јунајтед со експлозивното интервју?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека иднината на Лисандро Мартинез во Манчестер јунајтед е под голем знак прашалник, и ова може да биде последна сезона на Аргентинецот на „Олд Трафорд“.

По поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, Лисандро Мартинез излезе со експлозивно интервју и го обвини директорот Џејсон Вилкокс дека завршил лоша работа на трансфер пазарот, односно не донел доволно квалитетни засилувања и не креирал тим со кој „ѓаволите“ ќе се надигруваат со ривалите.

Медиумите од „островото“ сега шпекулираат дека ова можеби е почеток на крајот на кариерата на Аргентинецот на Олд Трафорд.

Тој ја одработува последната година од договорот, но во моментов нема конкретни преговори за продолжување на соработката.

„Атлетик“ објави дека по триумфот на Аргентина на Светското првенство, Лисандро Мартинез побарал нов договор со повисока плата, но желбата никогаш не му била исполнета.

Манчестер Јунајтед има опција да го задржи дефанзивецот дополнителни 12 месеци, но во клубот постојат дилеми дали да ја активираат оваа клаузула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×