Како реагираше Мурињо на петата на Винисиус и голот на Рома за 2-1 (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо остро реагираше на неуспешниот обид на Винисиус Жуниор да одигра со пета, по кој Рома тргна во контра и постигна гол за 2-1.

„Кралевите“ вчера во драматичен финиш постигнаа три гола, направија голем пресврт и славеа со 3-4 на гостувањето кај Рома во Лигата на шампиони.

Но и покрај победата, натпреварот на „Олимпико“ уште еднаш покажа дека не штимаат многу работи во Реал Мадрид, а еден од оние кои потфрлија беше Винисиус Жуниор.

Бразилецот против „волчицата“ беше бледа сенка на самиот себе, имаше само 22 контакти со топката, не упати ниту еден удар кон голот и се обиде да испрати само еден центаршут. Најголемата грешка беше неуспешниот обид за пета на стартот од второто полувреме, по кој Рома тргна во контра и преки Дониел Мален поведе со 2-1.

Жозе Мурињо беше видно лут на Винисиус, веднаш реагираше од клупата, два пати го повтори движењето со петата, јасно ставајќи до знаење дека е незадоволен од потегот на Бразилецот.

По крајот на натпреварот, тренерот на Реал Мадрид се осврна на спорната ситуација и рече: „Потоа примивме гол што не требаше да го примиме. Не смееме да правиме такви работи на средината од теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×