Добро познато име во Струмица: Цицмиловиќ се врати на клупата на Беласица

by Стефан
1 минути читање

Беласица доби нов тренер, а изборот падна на добро познато име во Струмица. Раде Цицмиловиќ повторно ќе го предводи струмичкиот клуб, за кого ова ќе биде негов четврти мандат на тренерската позиција.

Цицмиловиќ првпат ја водеше Беласица во 2016 година, кога тимот настапуваше во Третата лига. Една година подоцна повторно се врати во клубот, овојпат во Втората лига, а со добрите резултати успеа да обезбеди пласман во највисокиот ранг на македонскиот фудбал.

Во 2019 година замина од Струмица, но не за долго. Во вториот дел од истата сезона повторно седна на клупата на Беласица, во период кога екипата се наоѓаше во зоната за испаѓање.

Подоцна Цицмиловиќ продолжи да работи во Беласица како асистент на Ѓоко Хаџиевски, а во 2020 година го презеде Тиквеш од Кавадарци. Таму се задржа една сезона, по што се пресели во Воска Спорт, каде што работеше до 2022 година. Оттогаш немаше нов тренерски ангажман.

Сега пред него е нов предизвик во добро позната средина. Цицмиловиќ ќе се обиде да ја раздвижи Беласица, која досегашниот тренер Мартин Алаѓозовски ја остави на петтата позиција на табелата.

Струмичани по седум одиграни кола сè уште немаат пораз, но немаат ниту победа. Особено загрижувачки е податокот дека на последните пет натпревари освоија само по еден бод, ремизирајќи на сите пет средби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×