Атлетико Мадрид со 2-0 го победи Манчестер Јунајтед кој дел од мечот го играше и со фудбалер помалку, Арсенал со 3-0 беше подобар од Лил, Барса со 4-1 славеше кај Галатасарај, а Интер среде Милано загуби од Клуб Бриж со 2-4.
Дербито на денот во Лигата на шампионите се играше во Мадрид каде по само неколку секунди игра Атлетико поведе со гол на Бариос.
Манчестер Јунајтед беше солиден, се обидуваше да дојде до израмнување, но не успеваше да реализира. Ситуацијата за Англичаните стана потешка во 74. минута кога Јоро доби црвен картон.
Тоа брзо го искористи Атлетико Мадрид и во 79. минута постигна гол преку Лукман за конечни 2-0.
Лил еден час се држеше на Емирати, а потоа погодија Тимбер, Езе и Сака за убедлива победа на Арсенал од 3-0.
Галатасарај во 28. минута со гол на Батраков поведе против Барселона, но само ги налути Каталонците.
Во продолжението од мечот Кансело, Фермин, Гордон и Адејеми постигнаа голови за убедлива победа на Барса од 4-1. Ова за нив беше 10. триумф од исто толку мечеви оваа сезона.
Најголем шок доживеа Интер кој на свој терен беше поразен од Клуб Бриж со 3-4.
Не помина подобро ниту вториот италијански клуб вечерва. Наполи загуби на гостувањето кај Виљареал со 3-1.
Киксна и Баерн Минхен кој одигра само 3-3 на гостински терен кај Викинг.
Лајпциг со 1-0 го победи ПСВ. А претходно во денот Сабах со 2-0 ја совлада Славија Прага, Спортинг со 2-0 славеше кај Ленс.