Нестор игра во топ форма, стрела на секои 78 минути!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски игра во одлична голгетерска форма, а тоа го потврди и на последниот натпревар против Риека, на кој двапати ја затресе противничката мрежа.

Со новите два погодоци, Несторовски стигна до бројката од девет гола на десет одиграни натпревари за Славен Белупо во сите натпреварувања. Македонскиот интернационалец во просек постигнува гол на секои 78 минути, што доволно говори за неговата ефикасност пред противничкиот гол.

Одличните настапи на Несторовски ги потврдуваат и статистичките податоци. Македонскиот напаѓач реализирал пет од шесте големи шанси што ги имал досега, а во просек упатува по 2,78 удари кон противничкиот гол на натпревар. Неговите игри се оценети со просечна оценка од 7,43 на платформата „Софаскор“.

Ова не е првпат Несторовски да доминира на хрватските терени. Македонецот веќе остави силен белег во тамошниот фудбал, а во сезоната 2015/16 ја освои титулата најдобар стрелец со 25 постигнати голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×